Дома Фудбал Англија Салах: Ја менувам „Златната копачка“ за трофеј во Лига на шампиони

Салах: Ја менувам „Златната копачка“ за трофеј во Лига на шампиони

Мохамед Салах призна дека Лигата на шампиони е примарна цел за него оваа сезона, а освојувањето на „Златната копачка“ го става во втор план.

Салах оваа сезона постигна 40 гола и води во трката за „Златната копачка“, но Египќанецот тврди дека неговата главна цел е Лигата на шампиони.

„Убаво е чувството кога ќе се дадат толку многу голови. Мило ми е што можам да му помогнам на тимот. Нема да лажам дека размислувам за освојување на „Златната копачка“, но ако треба да изберам меѓу таа награда и освојување на Лигата на шампиони, дефинитивно тоа ќе биде трофејот во елитното натпреварување“, изјави Салах.

25-годишниот Салах оваа сезона има постигнато 30 гола на 32 меча во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мурињо под пораката на Меси на Инстаграм: Светското првенство нема да биде исто!

Жозе Мурињо ја коментира одлуката на Лионел Меси за повлекување од аргентинската репрезент…