Дома Фудбал Англија Салах откри кое натпреварување му е поважно Лигата на шампионите или Премиер лигата

Салах откри кое натпреварување му е поважно Лигата на шампионите или Премиер лигата

На „Алијанц Арената“ утре во Минхен ќе биде одигран реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако од таборот на Ливерпул најавуваат дека ќе дадат се од себе за да го елиминираат Баерн и да дојдат до трофеј ако го прашате Мохамед Салах тој повеќе би сакал да ја освои титулата во Англија на која Ливерпул чека 29 години.

„Морам да бидам искрен. Лигата на шампионите е најпрестижното натпреварување. Меѓутоа сонот нацелиот град и клубот е да се освои Премиер лигата. Спремен сум да го жртвувам мојот сон, но би сакал да ги оствариме и двете цели“, изјави Салах пред реваншот во осминафиналето против Баерн.

Ливерпул во овој момент се наоѓа на втората позиција во Премиер лигата каде што лидер е бранителот на трофејот Манчестер Сити.

„Натпреварувањето е тешко. И Сити и ние имаме тежок распоред до крајот. Се што треба да направиме да победиме на сите натпревари и да се надеваме дека тие ќе направат кикс. Мирни сме без оглед на притисокот, имаме силен менталитет“, порача Салах.

Египќанецот оваа сезона во сите натпреварувања одигра 39 натпревари и постигна 20 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кој е познатиот навивач кој на Светското првенство стои како статуа – зошто го нарекуваат „живата статуа“?

ЗНАМЕНИТИОТ навивач на Демократската Република Конго, наречен „жива статуа“, го направи св…