Дома Фудбал Англија Салах искрен: Ја сакам Златната топка!

Салах искрен: Ја сакам Златната топка!

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах во последните години игра фантастично за Ливерпул, а на изненадување на многумина, но и на негово, заврши на седмото место во изборот за наградата „Златна топка“ во 2021 година.

Сега Салах истакна дека посакува да стигне до најпрестижната индивидуана награда во фудбалот. Во случај да ја исполни својата желба Салах ќе стане само вториот Африканец на кого му успеало тоа, првиот беше Жорж Веа во 1995 година.

„Точно е, бев шокиран од фактот дека во 2021 година бев седми на изборот. Проблемот за оваа година е што не ја освоивме Лигата на шампионите, иако одигравме добар натпревар во финалето“, изјави Мохамед Салах.

„Меѓутоа, тоа нема да ги поништи сите добри работи што ги постигнавме во претходните месеци. Ако не ја освојам Златната топка 2022 година, тогаш ќе дадам се од себе да ја освојам следната година“, изјави египетскиот фудбалер.

Од пристигнувањето на „Енфилд“ во 2017 година, Салах одигра 254 натпревари за Ливерпул во сите натпреварувања и постигна 156 голови. Тој ја доби наградата за играч на сезоната во Премиер лигата, а три пати беше најдобар стрелец на ова првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Европа🎥

Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога против Ајнтрахт и го освои Суперкупот на Европа,…