Aнглискиот „Мирор“ денеска го објави најверојатниот состав со кој Англија вечерва би го започнала натпреварот во Скопје.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според прогнозата на новинарите, Саутгејт ќе направи шест промен во однос на составот со кој Англичаните пред три дена играа против Малта и победија 2:0.
На голот е стандардниот Пикфорд, потоа во одбраната се очекува старт на младиот Рико Луис и Марк Гуеи од Кристал Палас, а покрај нив искусните Мегваер и Вокер.
На позициите во средниот ред може да истрчаат Даклан Рајс, Арнолд и Калвин Филипс, а во нападот Сака, Кејн и Грилиш.
