Дома Ракомет Сагосен и друштвото немоќни: Данска е новиот полуфиналист!

Сагосен и друштвото немоќни: Данска е новиот полуфиналист!

Ракометарите на Данска се третите полуфиналисти на Олимписките игри во Токио.

Данците во четвртфиналето во скандинавското дерби ја победија Норвешка со резултат 31:25. Од почетокот на мечот Данците беа подобар ривал, изгледаа посконцентрирано, водеа во поголемиот дел од натпреварот и на крајот заслужено победија.

Данска до победата ја предводеа Хансен и Холм со по осум гола.

Кај Норвешка најефикасен беше Сагосен исто така со осум гола.

Во полуфиналето Данска ќе игра против Шпоанија која после голема драма ја победи Шведска со резултат 33:34.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…