Килијан Мбапе ова лето како слободен агент го напушти ПСЖ, но очигледно се уште има нерасчистени сметки со поранешниот клуб.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Медиумите пишуваат дека ПСЖ се уште не му ги исплатил парите за бонус, односно околу 100 милиони евра, а Мбапе не планира да им го прости долгот.
ПСЖ не сака да ги уплати парите затоа што смета дека веќе потрошил премногу пари на развојот на Мбапе, а францускиот голгетер си ги сака парите кои му следуваат според договор.
Мбапе планира да поднесе тужба веднаш по Европското првенство и преку суд да си ги добие парите.