Македонската сениорска репрезентација е во потрага по нов селектор откако селекторското столче на нашата репрезентација го напушти Раул Гонзалез.
На собранието на РФМ во саботата Мукаетов зборуваше за тоа каков тип на селектор според него и е потребен на Македонија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Во следниот период еден од најголемите предизвици на федерацијата ќе биде пронаоѓањето на нов селектор на А репрезентацијата. Тој сигурно ќе биде професионалец, а јас ќе инсистирам да биде човек кој ќе нема клупски ангажман. Во април не очекуваат важни натпревари и мораме тоа прашање што побрзо да го решиме“, изјави тогаш Мукаетов.
Денес преку официјалниот сајт на ракометната репрезентација распишан е конкурс за селектор на машката репрезентација на Македонија.
Кандидатите кои сакаат да се пријавата треба да ги исполнуваат следните услови:
CV (со постигнати спортски резултати)
Висока (7-ми степен) или Виша (6-ти степен) стручна спрема во областа на спортот
Да поседува лиценца за ракометен тренер и најмалку 3 категорија или ЕХФ лиценца за МASTER COACH согласно EHF RINCK конвенција
План и програма за работа со националната селекција во период од четири години
Познавање на еден од светските јазици