Легендата на англискиот фудбал, Вејн Руни е импресиониран од Ливерпул под водство на Јирген Клоп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Руни смета дека Ливерпул доколку го задржи Клоп на кормилото може да доминира цела деценија во Премиер лигата и да освои неколку титули.
„Клоп вели дека е невозможно за еден клуб да доминира онака како што тоа го правеше Јунајтед, но тој греши. Има едноставен начин за Ливерпул: оставете го Клоп на клупата и ќе доминирате“.
„Јунајтед доминираше затоа што го оставија Ферги долго да остане. Мислам дека и Клоп, кој има 53 години, ако остане на „Енфилд“ во наредните 10 години, тогаш Ливерпул ќе освои барем уште 5 премиерлигашки титули“, смета Руни.
„Доколку Клоп си замине, нема да биде чудно ако си заминат и Мохамед Салах, Садио Мане и Роберто Фирмино. Јас да сум еден од газдите на Ливерпул би направил се што можам за да го зачувам долги години“, додаде Руни.