Дома Топ вести Руни заминува од Манчестер, но останува во Европа

Руни заминува од Манчестер, но останува во Европа

Жозе Мурињо веќе му порача на Вејн Руни дека доколку сака да игра стандардно треба да си пронајде нов клуб, бидејќи за него нема повеќе место на „Олд Трафорд“.

Според информациите на англиските медиуми менаџерот на Руни веќе бара нов клуб за Англичанецот, а Манчестер Јунајтед е спремен без обештетување да го пушти својот капитен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Руни има понуди од МЛС и Кина, но медиумите тврдат дека ќе остане во Европа. Имено, за него силен интерес покажува милански Интер, односно кинеските сопственици.

Имено, кинескиот клуб Жиангсу Сунинг ќе го купи Руни, а потоа ќе го проследи на позајмица на „Џезепе Меаца“ каде би требало да игра во следните две години.

Веќе се започнати разговори помеѓу двете страни, па трансферот би можел да се реализира уште оваа зима, иако многу пореално е да биде комплетиран следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус договори уште едно големо засилување

Јувентус е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а италијанските медиуми прене…