Дома Фудбал Англија Руни: Гол за победа на „Гудисон“ – магија!

Руни: Гол за победа на „Гудисон“ – магија!

Фудбалерот на Евертон, Вејн Руни истакна дека за него постигнувањето на победничкиот гол на „Гудисон Парк“ е посебен момент и додаде дека е важно тоа што неговиот тим ја стартуваше новата сезоната во Премиер лигата со победа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Постигнувањето на победничкиот погодок на „Гудисон“ е магија. Да се игра за овој клуб за мене е голема работа“, истакна Руни за британските медиуми.

„Првите натпревари во сезоната секогаш се тешки, бидејќи екипата го пронаоѓа својот ритам. Имаме пред нас неколку тешки натпревари, така што е важно што добро стартувавме“, истакна Руни, кој ова лето се врати во Евертон по 13 години минати во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Мореира се пресели во Милано за сума од 50 милиони евра

Диего Мореира (22), лев бек на Стразбур и белгиски репрезентативец, се приклучи на Милан. …