Дома Фудбал Германија Румениге: Ако некој може да го победи Реал, тоа е Баерн

Румениге: Ако некој може да го победи Реал, тоа е Баерн

Бундеслигата е веќе освоена, финалето на Купот обезбедено, а Карл Хајнц Румениге сега го сака и трофејот во Лига на шампиони.

После големиот триумф над Леверкузен и пласманот во финалето во Купот, извршниот директор на Баерн не крие дека ја сака тројната круна.

„Сакаме да го задржиме фокусот на Лигата на шампиони и полуфиналето кое се игра следната недела.Ако во овој момент постои тим кој може да го победи Реал Мадрид, тоа е сигурно Баерн“, изјави Румениге.

Румениге ја пофали и партијата на Баварците во полуфиналето од Купот против Баер Левекузен.

„Навиивачите на Баерн се во рајот во последно време и потполно ги разбирам.Се чини дека постоечкиот кадар поседува неверојатен квалитет, и може да прави што сака на теренот, а тоа не импонира“, тврди Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Џеко: Рома не можеше да добие подобар тренер од Мурињо

Напаѓачот на Рома, Един Џеко откри дека е среќен поради доаѓањето на Жозе Мурињо на кормил…