Дома Фудбал Англија Роџерс потврди дека Фофана нема да игра против Челзи

Роџерс потврди дека Фофана нема да игра против Челзи

Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс потврди дека дефанзивецот Весли Фофана нема да игра против Челзи викендов во Премиер лигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Челзи има сериозен интерес за Французинот и испрати понуда од 70 милиони фунти, која беше одбиена. Фофана има договор со „сините“ и инсистира да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Фофана е изваден од групата на фудбалери на Лестер и беше испратен да тренира со младинскиот тим до 23 години.

„Фофана нема да игра овој викенд и се уште тренира со младинците. Не знам што ќе се случи и дали ќе има нова понуда, не можам да губам енергија на такви нешта. Јас сум концентриран врз фудбалерите, клубовите нека се договараат за трансфери“, изјави Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …