Дома Фудбал Италија „Росонерите“ до бод во Бергамо

„Росонерите“ до бод во Бергамо

Фудбалерите на Аталанта и Милан ремизираа во натпреварот од 36 коло во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот се играше без преголеми возбудвања. Се играше 43 минута кога Спинацола влезе во одлична шанса. Тој шутираше одлично од добра позиција, после додавањето од Фројлер, но Донарома одлично интервенираше.

Сепак одбиената топка стигна до Андре Конти, кој лесно ја затресе празната мрежа и донесе водство за домакините.

Милан до изедначување стигна во 87 минута, Делфоеу се најде осамен во казнетиот простор на клубот од Бергамо и успеа да погоди.

После ова реми на Аталната и е потребен само уште еден бод за да обезбеди настап во Лигата на Европа наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголемиот натпревар во животот носи и голема заработка: Познато колку ќе добие Словенецот за финалето на СП

Судењето на финалето на Светското првенство е врвот на кариерата за секој фудбалски судија…