Дома Фудбал Роналдо ќе го тужи Јувентус?

Роналдо ќе го тужи Јувентус?

На почетокот на минатиот месец беше објавено за „тајниот документ“ каде што челниците на Јувентус ветиле исплата од 20 милиони евра на Кристијано додека јавноста беше информирана дека клубот ќе ги скрати платите поради пандемијата.

Роналдо за комбинираниот тим од играчи на Ал Наср и Ал Хилал го одигра првиот натпревар во Саудиска Арабија. „Бјанконерите“ од друга страна се во хаос, давањето цели плати „на црно“ е само едно од обвиненијата, се споменуваат и други финансиски малверзации.

Португалецот сепак не се откажува од својот ветел дел кој требало да биде исплатен до крајот на јуни 2021 година и тоа не се случи. Италијанските медиуми сега пишуваат дека на Роналдо му здосадило да чека и правдата ќе ја бара на суд.

Како доказ Роналдо ги има документите и изјавите, па изгледа дека случајот лесно може да го добие. За Јувентус тоа значи уште едно „развлекување“ по судовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…