Португалскиот репрезентативец, Кристиано Роналдо има лесни проблеми со повредата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во Реал се малку загрижени, бидејќи утре го играат реванш натрпеварот од осмина финалето во Лигата на Шампионите во Париз, а Роналдо против Гетафе, по два постигнати гола, во 79. минута го напушти теренот, поради болки во десната нога.
Роналдо почуствувал болки во мускулот, што секако веднаш предизвикало мала паника во клубот, особено навивачите, но се верува дека сепак, Португалецот ќе биде 100% подготвен за дуелот со Парижаните.
Со оглед на тоа што поради повреда, Нејмар го пропушта овој спектакл, тогаш би била вистинска трагедија за фановите на фудбалот и Роналдо да не игра. Но, повторуваме, и покрај малите проблеми со мускулот, Роналдо ќе биде на располагање на Зинедин Зидан.