Дома Фудбал Италија Роналдо се кае за трансферот во Јувентус, сака да го напушти „бродот“ кој тоне?

Роналдо се кае за трансферот во Јувентус, сака да го напушти „бродот“ кој тоне?

0

Jувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите доживеа изненадувачка елиминација од Ајакс, а тоа значеше и крај на евро сезоната за Кристиано Роналдо кој не е навикнат да го завршува ова натпреварување во оваа фаза.

Според италијанските медиуми елиминацијата Роналдо тешко ја прифатил и е спремен да направи потег.

После морето успеси со Реал Мадрид, Порругалецот во црно-белиот дрес „удри во ѕид“ и наводно веќе размислува да побегне од бродот кој тоне, од бродот кој од 1996 година не ја освоил Лигата на шампионите. Токму поради трофејот во ова натпреварување Јувентус плати 113 милиони евра за Роналдо. Сонуваа во Торино големи соништа, но што знаат амстердамските деца што е „стара дама“…

Како што тврди „Република“ во Торино разочарувањето е огромно, толку големо што Роналдо наводно решил да одработи уште една година од договорот со Јувентус и потоа да замине. Онаа третата изгледа нема намера да ја „испочитува“ и ќе побара нов клуб.

Меѓутоа изгледа ниту во Јувентус не се разочарани од таа идеја. Прескапо ги чинеше акцијата со Роналдо за да испаднат во четвртфиналето. Не стигнаа подалеку од минатата сезона кога паднаа на истото скалило, само што тогаш Роналдо беше на спротивната страна во дресот на Реал.

Се пишува и дека Роналдо за да остане побарал засилувања. Тој и порачал на управата дека клубот мора сериозно да се засили ако сака поголем успех во Лигата на шампионите.

Осмото Скудето во низа во Италија ќе го освојат, но тоа не теши никој во Торино. Навивачите очекуваа многу повеќе…

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Месут Озил заминува од Лондон и кариерата ја продолжува во САД?

Фудбалерите на Арсенал денеска играат на домашен терен против Барнли во рамките на второто…