Дома Фудбал Италија Роналдо против Верона имал едно барање до судијата Мареска

Роналдо против Верона имал едно барање до судијата Мареска

Италијанскиот шампион Јувентус изгледа како полека да ја губи борбата за Скудетото.

„Старата дама вчера гостуваше кај Верона, а натпреварот заврши со реми 1:1. Стрелец за гостите беше Кристиано Роналдо. Португалецот бил незадоволен од начинот на кој судијата Фабио Мареска го водел натпреварот и пред крајот на првото полувреме имал необично барање.

„Пушти да се игра повеќе, немој секој контакт да го судиш“, му порачал Роналдо на Мареска.

Ваквото барање на Роналдо може да се оправда затоа што на голем дел од играчите им пречи честото „сецкање“ на играта од страна на судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѓоковиќ со коментар за Суперлигата: Не може ли никој да игра освен тие 20 тима?

Основањето на Суперлигата го прокоментира и првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Ѓокови…