Дома Фудбал Останато Роналдо е фудбалер со најголема заработка во светот

Роналдо е фудбалер со најголема заработка во светот

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристиано Роналдо е фудбалер со најголема заработка во светот за 2021 година.

Оваа информација денес ја соопшти авторитетниот магазин „Форбс“. Роналдо заработил 125 милиони долари, од кои 70 милиони се од плата, а другите 55 милиони се од рекламни договори.

Веднаш после него е Лионел Меси кој има заработка од 75 милиони долари од плата и 35 милиони од реклами. На третото место е младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе кој заработува 43 милиони долари од плата и уште 15 милиони преку реклами.

Потоа следува Мохамед Салах со 41 милион долари и Роберт Левандовски со 35 милиони. Интересно е што Андрес Иниеста кој настапува во Висел Кобе се уште има високо место на листата со заработка од 35 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Александар Таневски повеќе не е тренер на Македонија Ѓорче Петров

Maкедонија Ѓорче Петров беше поразена од Брегалница (4:1), а по тој пораз цената ја плати …