Кристијано Роналдо беше добро расположен на извлекувањето на ждрепката за ЛШ, прогласен е за играч на годината, се шегуваше со Буфон, но некадезад грб се провлече приказната дека центарот на новите случувања на пазарот е барањето зголемување на платата од Флорентино Перез.
Тој потпиша нов договор, заработува 26,3 милиони евра по сезона, но сметајќи и Кина, но и Еввропа каде е зад Нејмар и Меси, тој не е ниту во топ 5 најплатени играчи на светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот агент, Мендеш неодредено одговори на тврдењата дека за тоа разговарал со Перез, но јасно е дека од заминување на Роналдо нема да има ништо, иако тоа се провлекуваше изминативе денови, да добие зголемување или не.
Инаку, Кристијано ја наброи листата на своите наследници, истакнување дека постојат десетина млади играчи кои би можеле да дојдат по него како Азар, Мбапе, Нејмар, Рашфорд, Дембеле, Асенсио и уште неколку.
Меѓутоа ги разочара Англичаните кога се во прашање шансите на нивните клубови во ЛШ.
„Не, не мислам дека е возможно да играат полфинале, ноти да стигнат до Киев, тоа е секоја година исто, Реал, Барса, Баерн, Јуве и Париз. Четири од овие пет екипи се во полуфиналето, како и секоја година“, истакна Роналдо за англиските медиуми.