Дома Фудбал Роналдињо не може да го напушти Бразил додека не го плати милионскиот долг

Роналдињо не може да го напушти Бразил додека не го плати милионскиот долг

0
ronaldinho

Легендата на бразилскиот фудбал Роналдињо има огромни проблеми со законот.

За нелегална изградба и уништување на средината бразилските власти покренаа тужба против Роналдињо и неговиот брат за надокнада на штетата од 8.5 милиони долари.

Иако браќата се жалеа на пресудата, Судот ја одбил жалбата и наложил да се исплати комплетниот износ, а додека тоа не се направи нема да можат да ја напуштат земјата.

И на двајца им се одземени пасошите. Судот јасно наложи направената штета веднаш да се надокнади, а тоа го потврди и адвокатот на браќата.

„Жалбата е одбиена. Одлуката ја почитуваме, но не се согласуваме со неа. Ќе поднесеме нова жалба и се надеваме дека ќе имаме јавно судење.“ – изјави адвокатот.

Роналдињо и неговиот брат во 2015. година започнаа изградба на рибници во забранета зона на градот Порто Алегри. Уништиле голем дел од природната, но после поднесената тужба работите се прекинати.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Месут Озил заминува од Лондон и кариерата ја продолжува во САД?

Фудбалерите на Арсенал денеска играат на домашен терен против Барнли во рамките на второто…