Дома Фудбал Франција Роналдињо до навивачите на ПСЖ: Ако му свирите на најдобриот во светот, на кого ќе аплаудирате?

Роналдињо до навивачите на ПСЖ: Ако му свирите на најдобриот во светот, на кого ќе аплаудирате?

Навивачите на ПСЖ вчера го искажаа своето незадоволство кон Меси и се собраа пред стадионот во Париз каде што навредуваа Аргентинецот кој претходно доби суспензија од две недели поради патувањето во Саудиска Арабија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По ваквата ситуација и навредите кон Меси се огласи славниот Бразилец и негов поранешен соиграч од Барселона, Роналдињо.

„Никогаш нема да ги разберам навивачите кои му свират на Меси. Ако му свирите на најдобриот фудбалер во светот на кого ќе аплаудирате?“, запраша Роналдињо.

Роналдињо играше и за ПСЖ од 2001 до 2003 година и за тој период на 77 натпревари постигна 25 гола, но не освои трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Трагедија во Франција: Во големото славје загина тинејџерка, паднала од камион

Седумнаесетгодишна девојка го загуби животот во Оноа-Емери во северна Франција, откако пад…