Дома Топ вести Роденденски поклон за Бејл: Конечно има реална можност за трансфер!

Роденденски поклон за Бејл: Конечно има реална можност за трансфер!

3

Добро информираната „Марка“ објавува дека конечно Герет Бејл пронашол излез од Реал Мадрид и може да се врати во Тотенхем.

„Кралевите“ на секаков начин се обидуваат да се разделат со 30-годишниот Бејл, кој има договор до 2022 година, но не е посакуван од тренерот Зинедин Зидан.

Пред неколку дека Тотенхем го известил Реал Мадрид дека е спремен да испрати официјална понуда за да го врати Велшанецот во своите редови. „Спарси“ се спремни да платат 50-60 милиони евра за неговиот потпис, но не се спремни да му дадат плата од 17 милиони евра по сезона, колку што моментално заработува во Реал Мадрид.

Бејл знае дека не влегува во плановите на Зидан, но не сака да се откаже ниту од цент од неговата плата, па поради тоа потребно е двата клуба да најдат заеднички јазик.

Тотенхем е спремен да плаќа половина од неговата плата и бара од Реал да ја плаќа другата половина во следните две години.

Реал Мадрид наводно е спремен на таква „жртва“ само да се ослободи од 30-годишниот Велшанец, кој моментално е „вишок“ во тимот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Нејмар е главна тема, Милан носи големо засилување

Влегуваме во последната недела од преодниот рок, а нашата редакција навремено ве известува…