Дома Фудбал Робен „удри“ по Анчелоти: Ме разочарува!

Робен „удри“ по Анчелоти: Ме разочарува!

Ѕвездата на Баерн Минхне, Арјен Робен не го криеше своето разочарување од тоа што беше заменет на натпреварот против ПСВ и јавно го критикуваше тренерот Анчелоти.

Притоа Робен изненадувачки ја критикуваше играта на тимот, иако имаше тотална супериорност по сите индикатори.

„Тренерот размислува различно од мене, а јас сум разочаран од него и бесен. Се враќам на теренот по долго лекување на повреда и ме вади од игра без да добијам шанса да се вратам во ритам“, истакна Робен.

„Веројатно во овој натпревар игравме премногу бавно и ПСВ се обидуваше да нападне по крилата. Имаше ситуации кои можевме да ги одиграме доста подобро. Но недостигаше нешто во овие моменти. Генерално не одигравме добар натпревар. Ако играме така во осминафиналето, ќе си имаме проблеми. Ги правиме истите грешки“, додаде Арјен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Венеција добива нов дом: Договор на 40 години и вложување од 125 милиони евра

Новиот стадион ќе собира 18.500 навивачи, а преселбата од „Пјерлуиџи Пенцо“ е планирана за…