Дома Фудбал Робен лут: Ако го кажам тоа што го мислам…

Робен лут: Ако го кажам тоа што го мислам…

Баерн Минхен го декласира Бешикташ со 5:0 во првиот меч од ЛШ, но тренерот Јуп Хејнкес ги остави на клупата двете големи ѕвезди – Аријен Робен и Франк Рибери.

После натпреварот Робен јавно го искажа своето незадоволство, но истакна дека не може да каже се што мисли бидејќи ќе биде повикан кај претседателот.

„Ако го кажам тоа што го мислам, утре господинот Румениге ќе ме повика во својот кабинет“, изјави Робен кој влезе во игра во 43-та минута после повредата на Хамес Родригез.

„Јас сум тренерот и јас одлучувам така како што сметам дека е правилно. Моето решение треба да го респектираат сите фудбалери“, изјави Хејнкес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

141 шут и само четири гола: Арсенал во криза, Путељас како пропуштена шанса

Шест домашни ремија по ред, свирежи од трибините и напад зависен од Русо. Анализата на Ска…