Дома Македонски спорт Мак ракомет РК Вардар реагира на незаконско користење на брендот: Внимавајте што купувате!

РК Вардар реагира на незаконско користење на брендот: Внимавајте што купувате!

0

Вардар оваа година по втор пат стана европски шампион, а еуфоријата која владеше во македонската спортска јавност некои ја искористиле за сопствен профит на сметка на името и успехот на клубот.

Од клубот денес преку својата официјална Фејсбук страна се огласија со соопштение во кое ги предупредуваат фановите дека се продаваат дресови и навивачки реквизити кои се само реплика на оригриналите.

Клубот исто така потенцира дека некои Фејсбук и Инстаграм страни го искористиле името на Вардар, па во јавноста пласирале работи кои не се вистинити.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме соопштението од клубот:

„РК Вардар реагира на незаконското користење на амблемот, дресот и името на европскиот шампион на домашниот пазар. Името и амблемот на РК Вардар, како и дресовите со кои ракометарите настапуваа во сезоната 2018/19 и на финалето на ЕХФ Лигата на шампионите во Келн се заштитени марки и не смее да се користат без согласност на клубот. Оригиналниот дрес на европскиот шампион може да го купите единствено во официјалната продавница на РК ВАРДАР и ФК ВАРДАР – Вардар Фаншоп лоцирана во СЦ Јане Сандански и on-line на www.vardarfanshop.com.

Во периодот по освојување на шампионската титула онлајн продавниците кои функционираат преку социјалните мрежи Facebook и Instagram беа преплавени со разновидни производи што го носеа логото на Вардар, и тоа со двете ѕвезди кои симболично ги претставуваат двете шампионски титули. Копија на црвено-црниот дрес што вардарци го носеа на настапот против Барселона во Келн, што е заштитен и во Hummel, исто така незаконски се нуди на продавници кои функционираат преку Facebook.

Клубот ги предупредува и своите навивачи да внимаваат од каде купуваат брендирани производи со логото на европскиот шампион. Разновидните фалсификати се продаваат без согласност од клубот, и сакаме да Ве повикаме да помогнете во заштитата на брендот Вардар и да не купувате од лошите копии на дресовите или производите кои незаконски го носат логото на Вардар. Воедно сакаме да предупредиме и на незаконска употреба на името РК Вардар и амблемот на Вардар при креирање на профили и страници на Facebook и Instagram, каде се објавуваат непроверени информации за клубот, со што се доведуваат во заблуда нашите фанови и читателите воопшто. Нашата интернет страница е rkvardar.mk, додека официјалните профили на РК Вардар на Facebook и Instagram се RK Vardar, односно РК Вардар“, стои во соопштението од Вардар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Урнебесен тајм-аут на Алушовски: Знаете колку глупости направивме? (ВИДЕО)

Вчера Еурофарм беше поразен на гостувањето кај Кокс во Лигата на шампионите. На овој натпр…