Дома Македонски спорт Ристовски: Со Динамо се договоривме за пет минути

Ристовски: Со Динамо се договоривме за пет минути

Maкедонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски потпиша нов договор со Динамо Загреб кој има важност до 2025 година.

Динамо по заминувањето на Адеми, токму во Ристовски гледа како на нов лидер на тимот. Ристовски посебно во последниот период игра одлично, а беше и ефикасен во нападот постигнувајќи четири гола.

„Сакам да се заблагодарам ан клубот, се договоривме за пет минути, условите ми одговараа и немаше многу преговарање. Среќен сум и горд што продолжуваме заедно. Динамо е клубот кој ме исполнува и за кој сум спремен да се борам. Мотивиран сум во завршницата на сезоната и се надевам дека заедно со помош и од нашите навивачи ќе ја одбраниме титулата“, изјави Ристовски.

Во редовите на Динамо, Ристовски пристигна од Спортинг Лисабон, а во Хрватска претходно го носеше дресот и на Ријека.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…