Дома Фудбал Лига на шампиони Ристовски и Адеми ќе играат против тим од Бугарија или Азербејџан во плеј-офот за ЛШ, тежок испит за Мурињо

Ристовски и Адеми ќе играат против тим од Бугарија или Азербејџан во плеј-офот за ЛШ, тежок испит за Мурињо

Во европскиот фудбал денеска беше извлечена ждрепката за плеј-офот во квалификациите за ЛШ.

Директно место во плеј-офот има Динамо Загреб каде што настапуваат македонските фудбалери, Стефан Ристовски и Аријан Адеми. Во плеј-офот хрватскиот гигант ќе игра против подобриот од мечот помеѓу Карабах и Лудогорец.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Екипата на Црвена Звезда би можела да се соочи со Јагелонија од Полска или Бодо/Глимт. Мурињо и Фенербахче за противник го добија француски Лил, а подобриот од овој двомеч оди на меч против Славија Прага или Унион Сент Жилоа.

Првите натпревари се играат на 20-ти и 21, реваншит на 28 и 28 август, додека ждребот за групите е закажан за 29. август.

ДВОЈКИ ВО ПЛЕЈ-ОФ ЗА ЛШ

Јанг Бојс – Галатасарај
Динамо Загреб – Карабах/Лудогорец
Мидтјиланд/Ференцварош – Слован Братислава/АПОЕЛ
Јагјелонија/Бодо/Глимт – Црвена Звезда
Малмо/ПАОК – Спарта Прага/ФЦСБ
Лил/Фенербахче – Славија Прага/Унион Сен Жилоа
Динамо Киев/Ренџерс – Салцбург/Твенте

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…