Дома Фудбал Ристовски: Играме во една од најтешките групи, победа со Малта би ни била ,,ветер во грб”

Ристовски: Играме во една од најтешките групи, победа со Малта би ни била ,,ветер во грб”

Македонската фудбалска репрезентација денес ја одржа прес-конференцијата пред натпреварот со Малта со кој ги стартуваме квалификациите за Европското првенсво во 2024 година.

Покрај селекторот Благоја Милевски пред новинарите зборуваше и капитенот на репрезентацијата, Стефан Ристовски.

Играме во една од најтешките групи. Претходно имамвме проблеми со повреди, голем дел не бевме тука, се надевам така нема да биде во овој циклус. Најпрво се надевам дека ќе бидеме сите здрави до крајот на годината. Ќе одиме чекор по чекор, имаме добар распоред и ќе биде добро ако утре отвориме со победа, тоа би додало дополнителен ,,ветер во грб”.

Малта во Скопје гостува утре од 20:45 часот, додека во понеделник во слободниот термин ќе одиграме пријателски натпревар со Фарски Острови, исто така во Скопје.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…