Дома Македонски спорт Ристовски: Донесовме нова радост, го сплотивме македонскиот народ!

Ристовски: Донесовме нова радост, го сплотивме македонскиот народ!

На прес-конференцијат по натпреварот зборуваше капитенот Стефан Ристовски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ристовски истакна колку е пресреќен за победата и уште еднаш порча дека македонската репрезентација е едно големо семејство.

„Убаво е ова чувство. Преполн сум со емоции…Колку и да звучеше дека пред натпреварот немаме притисок, сепак тој се чувствуваше. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари, баражи за европско и светско. Имаме квалитени играчи кои играат во силни првенства и тоа ја направи разликата. Мене ми е драго што донесовме нова радост на македонскиот народ. Оваа соблекувална црн, бел, Албанец, Македонец…Има само еден дрес и за него играме сите“.

„Мило ми е што го сплотивме народот. Денес Македонија покажа дека сака да оди напред и да се избори за тој бараж. Многумина не отпишаа пред време, но ете тука сме во бараж. Не сме репрезентација со многу играчи, кога недостастуваат неколкумина се појавува проблем“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Турците може само да сонуваат, познато е каде ќе игра Фоден!

Фил Фоден го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2030 година. Како ПАМЕТНО да т…