Дома Фудбал Репрезентации Ристовски: Во кариерата го запрев Роналдо, знам како и против Италија!

Ристовски: Во кариерата го запрев Роналдо, знам како и против Италија!

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски пред натпреварот со Италија даде интервју за еден од најпознатите италијански весници „Газета дело Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ристовски истакна дека во кариерата успеал да го запре Кристиано Роналдо па верува дека ќе успее и Италија.

„Репрезентацијата е едно големо семејство, сите си помагаме еден на друг. За да победите големи селекции како Италија потребен ви е тимски дух, мора сите да се жртвуваат. Јас еднаш успеав да го запрам Роналдо, па знам како и против Италија“.

За Македонија ова е натпревар во кој нема што да изгуби, додека Италијанците се под притисок.

„Немаме што да изгубиме во овој натпревар, но ве уверувам дека не дојдовме тука за да се предадеме. Ќе направиме за на цела Македонија да и донесеме нова голема радост. Знаеме која е Италија, станува збор за актуелен европски шампион со фантастични фудбалери. Од моето искуство играјќи во Италија научив многу и знам како треба да се соочиме“, изјави Ристовски.

Ристовски од италијанските клубови во кариерата го носеше дресот на Парма, Бари, Фросиноне, Кротоне и Латина. Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра утре од 20:45 часот.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Милан е минато: Леао ќе бира меѓу два премиерлигаши!?

Португалската ѕвезда Рафаел Леао повторно се најде во центарот на вниманието откако со сво…