Дома Фудбал Ривалдо: Кога го нема Суарез, нема кој да му помогне на Меси

Ривалдо: Кога го нема Суарез, нема кој да му помогне на Меси

Поранешниот фудбалер на Барселона, Ривалдо смета дека ниту еден играч на Каталонците, освен Луис Суарез не е способен да му помогне на Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона во неделата изгуби од најголемиот ривал Реал Мадрид со 2:0 и ја изгуби водечката позиција во Ла Лига.

„Како и обично на Меси му е оставено малку простор. Барселона зависи од него и ако добро го чуваат шансите на тимот се значително намалени. Во овој момент тој е единствен играч кој превзема одговорност. Изгледа дека никој во тимот не е способен да му помогне во тој аспект“.

„Барселона изгуби многу со повредата на Луис Суарез, тој е единствениот покрај Меси кој може да го изненади противникот. Во оваа ситуација притисокот е само на Лео. Кога ќе изгуби сите се прашуваат што се случува со него“, изјави Ривалдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швајнштајгер обвинет за расизам – ова се деталите!

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер е обвинет дека користел расистички ст…