Дома Фудбал Лига на шампиони Решавачка битка на „Енфилд“: Низ „триумфалната капија“ има место само за еден!

Решавачка битка на „Енфилд“: Низ „триумфалната капија“ има место само за еден!

Ливерпул и Наполи вечерва ќе ги одмерат силите во Лигата на шампиони во Групата Ц, која го оправда епитетот „група на смртта“.

Ова е директен дуел кој ќе го одлучи патникот во следната фаза. На првиот меч Наполи победи со 1:0, па на Ливерпул вечерва ќе му треба победа со два гола разлика или идентични 1:0, бидејќи има подобра гол разлика.

„Црвените“ пропуштија две меч топки


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ливерпул пропушти две меч-топки во претходните две кола. Најпрво на големо изненадување беше поразен во Белград од Црвена Звезда, а потоа и во Париз. Тоа ги донесе во подредена ситуација момците на Клоп, па сега ќе мораат да победат со два гола разлика во директниот дуел со Наполи.

Факт е дека „црвените“ оваа сезона играат под своето ниво во Лигата на шампиони, а тоа го покажува фактот што загубија на сите три гостувања. Меѓутоа, во Премиер лигата им оди одлично и викендов се искачија на лидерската позиција, па сигурно во одлично расположение го пречекуваат незгодниот Наполи.

Битката се решава на средината од теренот

Добрата вест за „црвените“ е што Мо Салах влегува во форма и викендов постигна хет-трик против Борнмут. За овој меч се враќа и Садио Мане, кој задно со Фирмињо ќе го сочинуваат напаѓачкото трио. Меѓутоа, битката на овој меч ќе се решава на средината од теренот. И двата тима имаат исклучително добри взни редови и експлозивни напади, па секоја загубена топка во тој дел ќе биде потенцијална шанса за гол на двете страни.

Клоп најверојатно ќе се одлучи за искусните Хендерсон и Милнер потпомогнати од брзиот и борбен Вајналдум, кој треба да биде врска меѓу средниот ред и нападот. Меѓутоа Анчелоти има спремен одговор, а тоа е тандемот Алан – Фабиан Руиз кој оваа сезона функционира одлично.

„Стариот лисец“ е роден за вакви натпревари

Секако најсилниот адут на Наполи вечерва ќе биде Карло Анчелоти, кој важи за еден од најдобрите тренери во Куп натпреварувањата, а тоа го потврдуваат и неговите трофеи. Наполи оваа сезона нема пораз во Лигата на шампиони, а ако некој знае да го тргне притисокот од фудбалерите во клучни натпревари, тоа е сигурно Анчелоти. Мертенс и Каљехон одмараа за викендов и заедно со Инсиње, кој игра во животна форма, сигурно ќе бидат најголема опасност за стоперите на Ливерпул. Напаѓачите на италијанскиот гигант се исклучително брзи и сигурно ќе му зададат големи проблеми на Ловрен во одбраната.

Веројатни состави:

Ливерпул: Алисон, Арнолд, Ловрен, Ван Дајк, Робертсон, Милнер, Хендерсон, Вајналдум, Салах, Фирмињо, Мане.

Наполи: Оспина, Хисај, Албиол, Кулибали, Руи, Алан, Руиз, Хамшик, Каљехон, Мертенс, Инсиње.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…