Дома Останати Кошарка НБА Рекорд на кариерата за Лилард, Бостон ги доби Лејкерси, Јокиќ со дабл-дабл (ВИДЕО)

Рекорд на кариерата за Лилард, Бостон ги доби Лејкерси, Јокиќ со дабл-дабл (ВИДЕО)

Во изминатата ноќ во НБА лигата Денвер славеше на гости кај Минесота, додека Бостон дома беше подобар од Лос Анџелес Лејкерс.

Кошаркарите на Бостон ја прекинаа низата од три порази со убедлива победа против Лејкерси 139:107. Резултатски овој натпревар беше неизвесен само во првата четвртина која на крајот ја решија Селтикси во своја корист.

Во Бостон најдобар беше Џејстон Татум со 27 поени, Џејлен Браун и Кемба Вокер постигнаа по 20 поени. Енес Кантер натпреварот го заврши со 18 поени и 11 скокови. Гордон Хејворд додаде 16 поени.

Кај Лејкерси Џавал Мекги постигна 18 поени, Леброн Џејмс имаше учинок од 15 поени, 13 асистенции и 7 скокови. Кајл Кузма и Рондо додадоа по 13 поени. Ентони Дејвис се врати на паркетот после пет натпревари отсуство. За 22 ипол минути на теренот Дејвис уфрли само девет поени и додаде четири скока, две асистенции, една украдена топка и две блокади.

Денвер славеше на гости кај Минесота со 107:100. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше солиден настап во кој стигна до дабл-дабл со 17 поени, 13 скокови и пет асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Џереми Грант со 20 поени и 14 скокови.

Мора да се истакне и фантастичната вечер на Лилард во натпреварот помеѓу Портланд и Голден Стејт. Портланд ги победи Вориорси со 129:124 после продолжение, а Лилард натпреварот го заврши со 61 поен, 10 скокови и 7 асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Неверојатна грешка на Ноер за која долго ќе се зборува (видео)

Баерн Минхен го пречекува „фенерџијата“ Падерборн и на полувремето резултатот е 1:1. Домаќ…