Дома Топ вести Реина пристигна, Донарума се налути и е спремен да замине

Реина пристигна, Донарума се налути и е спремен да замине

0

Италијанските медуми пренесуваат дека Џанлуиџи Донарума е револтиран од тоа што клубот го ангажираше Пепе Реина и би можел да го напушти „Сан Сиро“ на крајот на сезоната.

Реина вчера ги помина медицинските прегледи и наскоро ќе потпише двегодишен договор со Милан. Притоа, Шпанецот се согласи да биде втор голман, што е првичната идеја на „росонерите“.

Меѓутоа, медиумите во Италија тврдат дека токму тоа било причината семејството Донарума да се револтира на раководството на клубот.

Имено, братот на Џиџи Донарума, Антонио беше донесен да биде резервна опција, а со доаѓањето на Реина тој ќе биде дури трет избор на голот.

Од ново настаната ситуација, најбесен е таткото на Донарума, Алфонсо кој се чувствува „изигран“ од клубот односно од спортскиот директор Масимилиано Мирабели.

Во случај да си замине Донарума, Милан ќе го промовира Реина во прва опција на голот и ќе го врати од позајмица Алесандро Плизари како втор голман.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона се распрашува за „егзекуторот“ на Германија

Раководството на Барселона стапило во контакт со агентите на фудбалерот на ПСВ, Ирвинг Лоз…