Селекторот на Мароко, Валиг Реграги изјави дека неговите игарчи треба да дадат се од себе за да ја освојат бронзата на Мундијалот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Мароко утре ќе ги одмори силите со Хрватска во натпревар за трето место, а Реграги го нарече овој меч најлош кој може да се игра.
„Сметам дека ова е најлош натпревар кој може да се игра, но сепак сме возбудени и покрај разочарувањето. Очигледно дека сакавме да бидеме во големото финале, но треба да дадеме се од себе за да го освоиме третото место. Изморени сме психички и физички, но мора да собереме сили. Хрватска исто така го сака третото место и утрешниот меч ќе биде многу различен од првиот кој го игравме во групата“, изјави селекторот.