Дома Фудбал Англија Револуција во Премиер лигата: Навивачите влегуваат во управниот одбор на клубовите?

Револуција во Премиер лигата: Навивачите влегуваат во управниот одбор на клубовите?

Протестите на навивачите на клубовите кои овие денови се случуваа во Англија изгледа ќе бидат причина за некои промени во раководствата на клубовите.

„Дејли Мејл“ објави дека Челзи започнал иницијатива која ќе ја прифатат и останатите клубови. Иницијативатабила и навивачите да имаат удел во одлуките кои го носи клубот, односно да бидат дел од управниот одбор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Идејата е во секој клуб да има тројца претставници на навивачите кои не би имале право на глас, но би можеле да го кажат своето мислење и директно да следат што се случува со раководењето на клубот и во која насока се оди.

Исто така се наведува дека апсурдни биле барањата на навивачите на Манчестер Јунајтед им бидат доделени 51% од акциите на клубот. Како и да е споменатиот потег може да биде голем чекор кон инволвирањето на навивачите во внатрешноста на клубовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…