Дома Фудбал Реваншот помеѓу Лион и Јувентус на неутрален терен!?

Реваншот помеѓу Лион и Јувентус на неутрален терен!?

Лион го победи Јувентус во првиот натпревар од осминафиналето со 1:0 во Лигата на шампионите.

Реваншот од овој натпревар е предвиден да се игра на 17. март, но во Италија владее вистински хаос поради коронавирусот. Денес пристигна информација дека и натпреварот помеѓу Јувентус и Милан најверојатно ќе се игра на празни трибини.

Освен тоа дел од француските и италијанските медиуми објавија дека поради ситуацијата со коронавирусот натпреварот може да се игра на неутрален терен.

Првиот човек на Лион, Жан-Мишел Аулас јасна кажа дека тие ќе се согласат ако дојде до таква одлука.

„Одлуката за каде ќе се игра ќе ја донесе УЕФА. Има некои проблеми затоа што играчите на младинскиот тим на Јувентус се во карантин. Тие имаат тренирано со првиот тим и затоа чекаме да видиме каква ќе биде одлуката на УЕФА. Се надевам на добра вест, а тоа е реваншот да се игра на неутрален терен“, изјави Аулас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед во криза каква што не памети 39 години: Карик не прифаќа дека се збогувал

По домашните 0:3 против Борнмут, иднината на Мајкл Карик е под прашалник. Тренерот тврди д…