Дома Фудбал Англија Реал ќе треба да му плати 10 милиони на Јунајтед, ако го сака Мурињо

Реал ќе треба да му плати 10 милиони на Јунајтед, ако го сака Мурињо

0

Жозе Мурињо и неговиот агент Жорге Мендеш се договорија со Манчестер Јунајтед за компензација ви висина од 15 милиони фунти поради отказот кој го доби Португалецот пред Нова година.

Меѓутоа, „црвените ѓаволи“ можат да си вратат поголем дел од таа сума доколку Мурињо започне работа со друг клуб во следните 12 месеци.

„Специјалниот“ веќе ги доби првите понуди, а според последните информации започнал преговори со Реал Мадрид за враќање на „Сантиаго Бернабеу“.

Меѓутоа, Манчестер Јунајтед ставил клаузула во договорот на Мурињо, па доколку Португалецот седне на купата на друг клуб во Премиер лигата компензацијата ќе биде 15 милиони фунти.


Следете го Sportski.mk и на


Доколку Мурињо потпише за клуб надвор од Англија, како што е случајот со Реал Мадрид, „црвените ѓаволи“ ќе добијат 10 милиони фунти.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Mајсторија: Пјаниќ го матираше грчкиот голман од 30 метри! (ВИДЕО)

Во овие моменти во рамките од квалификациите за Европското првенство 2020 репрезентацијата…