Дома Топ вести Реал се откажа од Азар, Челзи прави СЕ за да го задржи

Реал се откажа од Азар, Челзи прави СЕ за да го задржи

Реал Мадрид размислива да се откаже од намерата да ја донесе во своите редови ѕвездата на Челзи, Еден Азар пренесуваат англиските медиуми.

Белгискиот репрезентативец веќе подолго време е трансфер цел на „кралевите“, но неговата слаба форма во последните месеци и одличните партии на Роналдо, го натераа раководството на Реал да се насочи кон други фудбалери.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е спремен ова лето да потроши голема сума на засилувања, но Азар најверојатно нема да се најде на списокот на „кралевите“.

Во меѓувреме Челзи се обидува да го задржи Азар по секоја цена. „Сините“ се спремни да му понудат на Белгиецот договор „тежок“ 350.000 фунти неделно, со што ќе го направат еден од најплатените фудбалери во Премиер лигата.

Притоа, доколку самиот Азар инсистира да ја промени средината, Челзи нема да започне преговори за понуда помала од 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…