Реал Мадрид ја продолжи серијата на добри резултати и денес освои важни три бода на гостувањето кај Алавес. (1:2)
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првото полувреме иако „кралевите“ ја имаа иницијативата сепак мрежите мируваа, а во вториот дел видовме три гола.
Првиот погодок падна во 52. минута, откако по одличниот центаршут на Тони Крос, капитенот Серхио Рамос со глава ја смести топката во мрежа.
Алавес се врати во игра во 65. минута со погодокот на Перез, а четири минути подоцна Дани Карвахал му донесе три бода на Реал Мадрид.
Реал на табелата има 31 бод, односно три повеќе од Барселона, која утре му гостува на Атлетико Мадрид.