Дома Фудбал Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Баерн Минхен со 2:1.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а видовме неколку спорадични шанси на двете страни, но се играше претпазливо.

Во 67-та минута Дејвис со фантастичен гол му донесе предност на Баерн Минхен, кого само неколку минути го делеа од пласман во финалето.

Во 90-та минута Ноер направи голем кикс, Хоселу го искористи и израмни на 1:1. Само две минути подоцна истиот играч постигна гол за водство и пласман во финале, каде „кралевите“ ќе ги одмерат силите со Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Србија без Влаховиќ, Пауновиќ ја откри причината за отсуството

Душан Влаховиќ побарал време за решавање приватна ситуација. Вељко Пауновиќ не откри детал…