Дома Топ вести Реал Мадрид ја сака младата ѕвезда на Спортинг

Реал Мадрид ја сака младата ѕвезда на Спортинг

Реал Мадрид е заинтересиран за дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш, пренесуваат шпанските медиуми.

18-годишниот дефанзивец е младински репрезентативец на Португалија и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Мендеш може да игра како лев бек и како стопер, а за него интерес покажуваат многу европски гиганти.

Неодамна Мендеш потпиша професионален договор со Спортинг Лисабон до 2025 година, но „кралевите“ веќе стапиле во конаткт со неговиот менаџер и сакаат да го донесат на „Сантиаго Бернабеу“.

Во сезоната 2019/20, Нуно Мендеш одигра 17 натпревари за Спортинг У23, еден натпревар за екипата на У19, а исто така запиша и 9 настапи за првиот тим на Спортинг.

Можно е Реал Мадрид да го купи талентот ова лето и да го остави во Португалија на позајмица најмалку уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ситуацијата поради која навивачите на Звезда долго ќе жалат

Екипата на Милан некако успеа да ја елиминира Црвена Звезда и да го осигура пласманот во о…