Дома Топ вести Реал Мадрид спреми 80 милиони за нов напаѓач

Реал Мадрид спреми 80 милиони за нов напаѓач

Реал Мадрид е силно заинтересиран за напаѓачот на Манчестер Сити и аргентински репрезентативец, Јулијан Алварез.

Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач и верува дека Алварез може да биде новата „деветка“ за цела наредна деценија.

Сити го доведе од Ривер Плата летото 2022 година за само 18 милиони евра, а Алварез веднаш го покажа својот потенцијал.

Одигра важна улога во освојувањето на Мундијалот за Аргентина и веднаш доби нов договор во Манчестер Сити со повисока плата.

Меѓутоа, Алварез на „Етихад“ е во сенка на Халанд и не добива голема минутажа, па размислува да ја промени средината.

Сити нема лесно да се откаже од својот „бисер“, но Реал Мадрид е спремен да понуди 80 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…