Дома Фудбал Реал Мадрид огорчен од ситуацијата на Азар

Реал Мадрид огорчен од ситуацијата на Азар

Најскапото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар не одигра ниту една минута во двата натпревари на Белгија во Лигата на нации.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај тоа Азар цело време беше заедно со своите сонародници во базата на Белгија. Од „Сантиаго Бернабеу“ се незадоволни што фудбалерот не остана во Мадрид да се подготвува за новата сезона, особено поради фактот што не игра за репрезентацијата.

Самиот Азар сакаше да го одбие повикот на Роберто Мартинес, но после разговорот со него тој бил убеден дека е важен за репрезентацијата и мора да дојде во базата.

Откако не одигра ниту една минута Реал се налути од целата ситуација бидејќи Зидан сакаше да го има играчот на тренинзи за да се подготвува за новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…