Дома Фудбал Реал Мадрид никогаш зад Барселона не заостанувал како во оваа кошмарна сезона за „кралевите“

Реал Мадрид никогаш зад Барселона не заостанувал како во оваа кошмарна сезона за „кралевите“

1

Во шпанската Ла Лига наредниот викенд ќе се одигра последното коло во првенството.

Многу работи од поодамна се решени, додека за некои ќе се одлучува во последното коло.

Барселона пред неколку кола ја обезбеди новата титула, а Атлетико заврши како второпласиран, додека Реал Мадрид во оваа сезона за заборав за нив ќе заврши како третопласиран.

Гетафе и Валенсија ќе одлучуваат за последното место кое води во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид нема по добро да ја памети оваа сезона. Тимот од „Сантијаго Бернабеу“ вчера беше поразен на гостувањето кај Реал Сосиедад со 3:1, а ова беше вкупно 11-ти пораз за Реал оваа сезона во Ла Лига.

Со оглед дека Барселона на „Камп Ноу“ го совлада Гетафе со 2:0 разликата помеѓу каталонскиот и мадритскиот клуб е 18 бодови.

Најголемата предност во историјата помеѓу овие два беше 17 бодови и тоа се случи минатата сезона и во 1985 година.

Реал во последното коло игра против Бетис на свој стадион и како што играат не би било изненадување да направат уште еден кикс, па така предноста на Барселона на крајот од сезоната може и да надмине 20 бодови.

Инаку, ова е најлоша сезона според статистички параметри уште од 1998 година, Реал не славел на гости во Ла Лига уште од 10-ти март, а клубот оваа сезона запиша вкупно 18 порази, последен пат толку порази имаа во сезоната 1994/1995.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тоа е таа елеганција: Зидан покажа дека уште има магија во нозете (ВИДЕО)

Францускиот стратег Зинедин Зидан ужива во деновите од одморот пред напорната сезона која …