Дома Фудбал Лига на шампиони Реал Мадрид најмногу заработил во Лигата на шампионите – ова се топ 10 (ФОТО)

Реал Мадрид најмногу заработил во Лигата на шампионите – ова се топ 10 (ФОТО)

УЕФА објави податок за тоа колку клубовите заработија во изминатиот циклус од Лигата на шампионите. Секако, најмногу заработи европскиот шампион, Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид кој оваа сезона не блеска заработил вкупно 88.6 милиони евра, додека финалистот Ливерпул инкасирал 81.2 милиони.

Мадриѓаните во големото финале во Киев го совладаа Ливерпул со 3:1 со два погодоци на Герет Бејл, а овој натпревар остана запаметен и по кардиналните грешки на голманот на „црвените“ Лорис Кариус.

Интересно е што после Реал најмногу заработил Рома и тоа 83.8 милиони и тоа е така поради одличниот приход од маркетиншките и ТВ правата.

Иначе, конечната заработка се добива со собирање на приходот остварен низ евентуалните квалификации, потоа учеството во групната фаза и резултатите во истата, резултатите во нокаут фазата и конечно сумата од маркетингот и ТВ правата.

Топ 10 клубови по заработка:

Реал Мадрид (88.6 милиони евра)

Рома (83.8 милиони евра)

Ливерпул (81.2 милиони евра)

Јувентус (80.05 милиони евра)

Баерн Минхен (70.49 милиони евра)

Челзи (65.15 милиони евра)

Манчестер Сити (63.82 милиони евра).

ПСЖ (62.06 милиони евра)

Тотенхем (61.3 милиони евра)

Барселона (57.44 милиони евра)

zarabotka

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Големо засилување за Вардар: Пристигнува фудбалер кој некогаш вредеше три милиони евра!

Вардар активно работи на формирање на составот за новата сезона, а од таборот на „црвено-ц…