Дома Фудбал Останато Реал Мадрид и Ајнтрахт во битка за Суперкупот

Реал Мадрид и Ајнтрахт во битка за Суперкупот

Вечерва во Хелсинки европскиот шампион Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт ќе се борат за престижниот трофеј од Суперкупот на УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За Реал ова ќе биде осми пат како ќе игра во Суперкуп на Европа, натпреварување во кое има освоено четири трофеи, последниот во 2017 година кога Суперкуп натпреварот се одигра во Скопје. 

 Доколку „кралевите“ и вечерва победат ќе се израмнат со бројот на освоени трофеи со лутиот ривал Барселона и италијанскиот гигант Милан 

 Ајнтрахт кој сензационално стигна до трофејот во Лига Европа за прв пат ќе игра во Суперкупот и важи за аутсајдер во овој меч.

Германскиот тим зад себе има само три финални средби. Првата во далечната 1960 и тогашниот Куп на Шампиони кога беше убедливо поразен токму од Реал со 7-3, резултат кои сеуште важи за рекорд во евро-куповите по бројот на погодоци. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Антоан Гризман ќе го оствари својот сон во САД

АНТОАН Гризман потпиша договор со Орландо Сити и така го исполни својот долгогодишен сон д…