Поради пандемијата на коронавирус,мнохгу клубови се одлучија да ги намалат платите на фудбалерите, а Барселона и Атлетико Мадрид ги намалија за 70%.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид се уште не се одлучил на таков чекор, но клубот бара начини да го намали списокот на плати на тимот. Според „АС“, и покрај фактот дека финансиската состојба на клубот е стабилна, раководството има намера да продаде неколку играчи со цел да го намали вкупниот платен список.
Како прво, Реал размислува за продажба на двете големи ѕвезди Герет Бејл и Џејмс Родригез со што ќе „спаси“ 45,4 милиони евра само од нивните плати.
Други играчи кои можат да бидат ставени на трансфер листата се дефанзивците Хесус Валехо и Алваро Одриосола, како и играчите од средниот ред Дани Себалос и Браим Дијаз и напаѓачот Маријано Дијаз од чии плати клубот ќе заштеди додатни 30 милиони евра.
„Кралевите“ за плати на фудбалерите годишно даваат 284 милиони евра, што е само 50% од нивниот годишен буџет.