Дома Фудбал Лига на шампиони Реал Мадрид во проблеми пред гостувањето во Москва

Реал Мадрид во проблеми пред гостувањето во Москва

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги има големи проблеми со играчкиот кадар пред утрешното гостување во Москва во рамките на Лигата на шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Актуелниот европски шампион во Москва ќе биде прилично ослабен – веќе е познато дека Лопетеги не може да смета на услугите на Марсело и Иско, а против ЦСКА нема да настапат ниту капитенот Серхио Рамос, како и Герет Бејл.

Според пишувањата на „Марка“, Рамос ќе одмара, а со Бејл нема да се ризикува откако се здоби со повреда на мечот против Атлетико Мадрид.

Лопетеги денес го објави списокот на 20 фудбалери, а во него се најдоа играчите од Кастиља Серхио Региљон и Федерико Валверде, како и скапоплатениот Бразилец, Винисиус Жуниор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поради одлуката на Флорентино Перез, Мурињо сега чини 15.000.000 евра

Можното враќање на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид може да го чини шпанскиот клуб до…