Екипата на Реал Сосиедад ќе биде првиот противник за Карло Анчелоти и неговите избраници по репрезентативната пауза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се најавуваше дека за оваа средба Реал ќе биде комплетен, но италијанскиот стратег се одлучил да не ризикува. Џуд Белингем и Орлиен Чуамени поради повреди нема да патуваат со соиграчите.
Така Анчелоти ќе мора да комбинира и без нив да ја бара втората пообеда сезонава. Чуамени се уште не е во целост рехабилитиран од повредата во дуелот против Бетис, додека Белингем кој е подлого време надвор од терените можеби е спремен да добие одредена минутажа, меѓутоа Анчелоти не сака да ризикува.
Реал Мадрид кон средината на неделата која следи го чека и натпревар против Штутгарт во Лигата на шампионите.